Од Ковид-19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен

Ноември 30, 2020

 

Од компликации од Ковид -19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска-61 година, од Здравствениот дом во Ресен. Лекарката почина во болница во Скопје. Веста за нејзината смрт на својата Фејсбук страница ја објави  од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. 

Колегите од Здарвстевниот дом со емотивна порака се простија од својата колешка. 

-Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање.
Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас.
Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика.
Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа.
Насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност. Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи - ниту еден ден.
Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно.
Поли- прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка.
Ни е чест што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата.
Почивај во мир
Од вработените во Здравствен Дом- Ресен
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани