2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кузманоски-Општина Новаци е финансиски стабилна и економски просперитетна општина

Декември 01, 2020

 

Делата говорат за постигнатиот успех, Општина Новаци е финансиски стабилна, развојно ориентирана  и економски просперитетна општина, стои во отчетот на  градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски .

Кузманоски денеска пред медиумите рече дека мандатот што граѓаните на Општина Новаци му го доверија во 2017 година, зборува за голем успех, за реализирани проекти, за решени проблеми и за услужени граѓани.

129056468 176301894174399 6177250745204929473 n

Обраќањето до јавноста ви го пренесуваме во целост.

 

Денес, Општина Новаци финансиски е стабилна, развојно ориентирана  и економски просперитетна општина.Иако во последните 8 месеци како и целиот свет, така и ние, сме зафатени од пандемијата на Ковид -19 и се соочуваме со нејзините последици во секој поглед, сепак нашите планирани активности  целосно ги реализиравме.И во услови на пандемија и криза успеваме да ја придвижиме економијата, да зачуваме работни места, да решиме голем број на проблеми и да реализираме голем број барања на нашите сограѓани. Работејќи според програмата што ја понудивме, секако и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија, остваривме повеќе од планираното за само три години.

Овој Отчет за 2020 година не е ништо друго освен заокружување на досегашниот начин на работа на Општина Новаци.Оваа година асфалтиравме локални улици во должина од 3 километри во 17 населени места во Општина Новаци. Вкупната инвестиција изнесува 11 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на општината. Тампонирани и изградени се полски патишта во 15 населени места во должина од 10 километри во вредност од 9.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци. Исто така изградена е секундарна фекална канализација во село Новаци - 10 краци и ревитализација на пумпни станици со вкупна вредност од 2.635.797 денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.

129181635 3764866760231760 4034665178361963345 n

Во предвидениот рок заврши реконструкцијата  на локална улица во село Новаци во висина од 3.052.314 денари и должина од 500 м.Во тек  е   реконструкција и надоградба на дел од општинската зграда во Новаци, капитална инвестиција од 25 милиони денари чии  средства  ќе се обезбедат од 3 буџети во наредните години. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Маково во должина од 2,5 км и вредност од 11 милиони денари обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта.Исто така во тек се градежни работи за рехабилитација на регионалниот пат  Бач-Гермијан-Кременица во должина од 4 км. со што ги решаваме децениските проблеми на граѓаните од овој регион. Извршивме санација на банкини на локалниот пат Новаци-Рибарци во должина од 2.5 километри.

103888890 267764471119043 6783487607590620491 n

Оваа година го пуштивме во употреба локалниот пат во село Тепавци во должина од 3км. Исто така извршено е партерно уредување на дворот на манастирот Св.Атанасиј во с.Старавина во вредност од 300.000 денари, реализирана е третата фаза на уредување на поројот во с.Гермијан - инвестиција вредна 148.883 евра во рамките на програмата за прекугранична соработка преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа.

Во делот на образованието инвестиравме во реконструкција на тоалетите во малото основно училиште во Новаци а исто така изградена е и нова ограда во ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци во вредност од 512.000 денари - средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци. Обезбедивме и 25 високо ефикасни инвертер клими за сите подрачни училишта. Во селото Маково заменети се вратитите и прозорците на амбулантата – објект на општина Новаци.

128925711 424799305344320 8633416579530346583 n

Општина Новаци успешно го заврши вториот проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за набавка на градежна механизација и тоа Скип (Комбинирана машина ровокопач) и хидраулична надградба плуг за снег 2.5м, камион кипер со дополнителна опрема и тоа плуг за снег 3.2м и ротационен распрскувач на сол и ризла како и камион цистерна. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.870.670 денари.

128961083 826998154761970 8009699069176249864 n

Со финансиска поддршка од локалната самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Пелагонискиот плански регион обезбедени се две нови возила за Општина Новаци. Тоа е минибус со 30 седишта и комбе со 9 седишта. Финансиската конструкција е 4.200.000 денари помош од Министерството за локалната самоуправа и 2.500.000 денари сопствени средства од буџетот на Општина Новаци. За испорака останува уште комбето во наредниот период.

Општина Новаци пристапи кон модернизација на јавното улично осветлување и склучи договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување, преку финансирање, реконструкција, управување, одржување и развој на јавното осветлување во општината. Во утврдениот рок од Договорот во целост заврши модернизацијата на инфраструктурата на системот на јавно улично осветлување во општина Новаци со што се заменети 1.083 натриумови и живини светилки со нови ЛЕД светилки кои подлежат на редовен надзор и нивно одржување.

128776452 197934781822210 1848952057350599811 n

Општина Новаци за прв пат ќе добие детска градинка за која во целост се завршени сите административни процедури. Монтиран е котел за парно со комплетна инсталација на парно греење во целокупниот простор на градинката од обновливи извори на енергија, односно биомаса и котлара. Исто така завшрени се сите молерско-занаетчиски работи. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени следствено од Буџетот на општина Новаци во висина од околу 5.2 милиони денари.

Изграден е нов повеќенаменски објект на местото на некогашниот руиниран објект (продавница) во село Далбеговци на површина од 100 м2. Вкупната вредност на инвестицијата 1.887.443 денари обезбедени од буџетот на општина Новаци. Изградени се водопоила во селата Паралово, Долно Орехово и Бач во износ од 200.000 денари.Општина Новаци располага со веќе изготвена проектна документација за 10-тина локални проекти  што се создадени основни предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните од општината. Транспарентноста и отчетноста за работата која носи подобро остануваат да бидат едни од основните постулати врз кои и во наредната година ќе ја темелиме општинската политика. Општина Новаци продолжува да чекори по ваквиот развоен пат настојувајќи да ги зајакне економските капацитети. Општина Новаци по 24 години од своето постоење е многу поблиску до европските стандарди - не само по урбаниот лик, туку и според развојот кој и обезбедува видно место на скалата на привлечни економски дестинации.

129036047 210225827147750 1750428227814688099 n

129176750 227611952095494 5696715166147874716 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани