АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За пет години, поточно во периодот од 2013 до 2017 година Општина Могила од општинските пари потрошила 52 433 евра за кафански сметки, обвини градоначалничката Јасмина Гулевска во соопштението што денес го испрати до медиумите, а воедно го објави и на својата фејсбук страница.
„Еве како недомаќински и неодговорно се трошеле општинските пари. Од 2013година до 2017година вкупно потрошено за кафански сметки 3 224 624 денари односно 52 433 евра. Од 2013година до 2017година тендерот за прехрамбрени продукти кој го добил фамилијарно близок на претходниот градоначалник вкупно потрошени се 1 385 548 денари односно 22 565 евра. Патот е трнлив и макотрпен меѓутоа општина Могила ќе биде одговорна,домаќинска и одговорна општина“, напиша Гулевска.
Пред неа со општината раководеше екс градоначалникот Стевче Пивковски, кој на изборите во 2013 година беше независен кандидат, а на минатогодишните локални избори неговата кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.