2win800x200

ОПШТИНА НОВАЦИ НАБАВИ НОВО КОМБИ ВОЗИЛО

Декември 09, 2020

 

Општина Новаци  преку Центарот  за развој на  Пелагонискиот плански регион набави ново патничко моторно возило-комби.

Станува збор за комби марка “Peugeot” со (8+1) седишта набавено во рамки на проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ финансиран во рамките на програмата за регионален развој за 2020 година од страна на Бирото за рамномерен регионален развој и Министерство за локална самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и буџет на општина Новаци со вкупна вредност на инвестицијата од 1.652.000 денари.

Претходно во склоп на истиот проект беше набавен и испорачан минибус марка “ISUZU” NOVOULTRA со (29+1) седишта.

Вкупната вредност на  инвестиција преку проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ за општина Новаци изнесува од 6.646.940 денари.

Преку реализацијата на овој проект односно преку набавката на минибусот и комбито првенствено се обезбедени сите услови и капацитети за обезбедување на бесплатен превоз на учениците од општина Новаци како и заштеда и поврат на инвестицијата.Исто така ќе се обезбедат и социјални услуги на граѓаните и општинската администрација.

"Со финансиска поддршка од локалната самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Пелагонискиот плански регион обезбедени се две нови возила за Општина Новаци. Тоа е минибус со 30 седишта и комбе со 9 седишта. Финансиската конструкција е 4.200.000 денари помош од Министерството за локалната самоуправа и 2.500.000 денари сопствени средства од буџетот на Општина Новаци. Со овие возила ние ќе ги пренесуваме учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Освен заштеда и поврат на инвестицијата повеќе ќе немаме проблеми со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа учениците да чекаат превоз заради зафатеност на приватните превозници или дефект но и од други причини. Покрај овие две возила имаме уште други две комбиња кои ги вклучуваме во превозот на учениците и еден автомобил, така да се надевам дека оваа година со почетокот на учебната година на 5. октомври ќе нема никаков проблем за превозот на учениците од основното образование. Минибусот кој го набавивме ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан и автомобилот вози на правец за село Тепавци. Дополнително имаме уште еден правец за село Гнеотино и Рибарци. Овие превозни средства ќе се користат исклучиво за превоз на ученици, бидејќи ние како општина немаме дозвола- истакна градоначалникот Кузманоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани