2win800x200

Општина Битола-ЈАВЕН ПОВИК бр.1 ФОНД ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Декември 09, 2020

 

Општина Битола отвори ЈАВЕН ПОВИК бр.1
ФОНД ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19
(Ковид-3)

Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.

Фондот за микро и мали претпријатија од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија кои се ставени на располагање на Фондот во износ до 30 милиони евра во денарска противвредност и буџетски придонес во износ од 60 милиони денари.

 
 
 
Повеќе информации на линкот 
https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/

 ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.

Фондот за микро и мали претпријатија од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија кои се ставени на располагање на Фондот во износ до 30 милиони евра во денарска противвредност и буџетски придонес во износ од 60 милиони денари.

II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Средствата од Фондот за директно кредитирање на микро и мали претпријатија ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал како и поддршка при реализација на проекти за купување на основни средства во функција на реализација на бизнисот.

Износ на кредитот:
Максималниот износ на кредитот кој може да биде одобрен на кредитокорисник трговско друштво  не може да надмине износ од 922.500 денари.
Максималниот износ за трговец поединец и занаетчија не може да надмине износ од 307.500 денари.
Минималниот износ на кредит кој може да биде одобрен на кредитокорисник од оваа кредитна линија не може да биде помал од 184.500 денари.

Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите доставени во Барањето за кредит.

Рокови на отплата:
До 3 (три) години со вклучен грејс период до 6 (шест) месеци.

Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитобаратели се:
1. Микро и мали трговски друштва, трговци поединци, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) класифицирани согласно Тековна состојба;
2. Кои немаат неплатени јавни давачки и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописи од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат, најмалку заклучно со 31.01.2020 година или подоцна;
3. Кои не се во постапка на стечај или ликвидација;
4. Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар на Република Северна Македонија;
5. Согласно финансиските извештаи за последната фискална година имаат главнина и резерви (наведен во билансот на состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
6. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија со состојба на 31.01.2020 година, се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или нема обврски кон банките;
7. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија се во ризичната класификација В –редовен статус со пресметана исправка на вредност/посебна резерва во однос на вкупна изложеност на банките кон одреден клиент помала или еднаква на 29,9% со состојба на 31.01.2020 година, само ако показателот за степенот на финансиска задолженост е помал од 5,0 (сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и кредити / главнина и резерви од билансот на состојба). Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
8. Бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со истиот месец во претходната година – 2019;
или
бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со просечните реализирани месечни приходи во 2019 година (пресметано како вкупни приходи 2019 / 12 месеци). За овој критериум, кредитобарателот дава Изјава под морална и кривична одговорност.

Каматна стапка за кредитокорисниците
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува фиксно на износ од 0% на годишно ниво.
РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка на кредитните барања.

Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.

IV. ГРАНТ КОМПОНЕНТА
Доколку на кредитобарател му е одобрен кредит, тогаш тој може да побара да користи грант компонента (отпуштање на долг) од 30% од износот на кредитот. За да може да користи грант компонента, кредитокорисникот, по исполнување на следните два услови се стекнува со право да побара отпуштање на долгот:

  1. Подмирил најмалку 50% од обврските по основ на кредитот;
  2. Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит подолго од 30 дена.

Грант компонентата може да се добие по една од следните четири категории:

 Категорија 1:

  • има жена/жени во сопственичка структура најмалку 50%; или
  • е раководен од жена (жена-управител).

Категорија 2:

  • има млади до 29 години во сопственичка структура најмалку 50%; или
  • е раководен од млади до 29 години (млад-управител).

Категорија 3:

  • е кредитокорисник-извозник со учество на приходот од странство со повеќе од 50% во финансиските извештаи за последната фискална година.

Категорија 4:
е кредитокорисник за реализација на проекти:

  • за зелена економија;
  • за модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
  • за воведување на нови производи и нови услуги.

 
За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се
оценува во моментот на поднесување на 
барањето за одобрување
грант компонента (отпуштање долг) на следниот начин:

Категорија 1:
- при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието;
  и
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
видно од Тековна состојба на субјектот.

Категорија 2:
- при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието;
и
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, нема промени во сопственичката и/или структурата на управување,
видно од Тековна состојба на субјектот.

Категорија 3:
- при поднесување на апликација за кредит,
видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство;
или
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи од странство.

Категорија 4:
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува доказ за реализација на проектите/активностите поврзани со:

  • зелена економија
  • модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
  • воведување на нови производи и нови услуги.

V. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање, и други информации.

Задолжителна документација која кредитобарателот е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

  1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
  2. Апликација за регистрација на клиент (образец објавен на веб страницата на банката),
  3. Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП, најмалку со датум 31.01.2020 година или подоцна. Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси се поднесува електронски преку системот е-даноци: https://etax-fl.ujp.gov.mk/
  4. ЗП образец (образец заверен потпис),
  5. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица, (образец објавен на веб страницата на банката),
  6. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
  7. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
  8. Aналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство (само за оние кредитобаратели кои ќе означат дека ќе поднесат барање за отпуштање на долг за категорија 3-извозник, се набавува од сметководството на барателот).

Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност.

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци,
  2. Годишна завршна сметка (со 31.12.2019),
  3. Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка -Потврда за стечај и Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ).

VI. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА
Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

VII. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:

  • Во предметот (Subject) на е-маилот со кој се доставува кредитното барање да биде наведен назив на компанијата град и правната форма на латиница, на пример: Vardar Berovo DOOEL
  • Доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака без дополнителни знаци и додатоци како на пример: 1, 2, vtor del, covid3, kovid, итн.
  • Прилозите не треба да надминуваат големина од 8MB и треба да бидат доставени во прилог како .pdf, .zip или .rar формат.

Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.

Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.

Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.

Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

VIII. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 денасо почеток од 16 декември 2020 година од 00:01 часот и завршува на 30 декември 2020 година во 23:59 часот.

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затварање на јавниот повик. 

Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.

Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.

Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.

Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.

Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.

Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.

За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.

Апликациите за кредит поднесени во јавниот повик Ковид 1 и Ковид 2 не се предмет на разгледување.

Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката https://mbdp.com.mk/mk/kreditiranje/kovid-3

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани