АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новини во наставниот план за основното образование е планот за комбинирање на повеќе предмети во нови со што би се намалил бројот на часовите, а за ова беше дискутирано на вчерашната консултативна средба за новата Концепција за основното образование.
Во новата концепција се предвидува групирање на предметите биологија, хемија, физика и дел од географија во еден предмет – наречен природни науки, додека предметите историја, дел од географија и граѓанско образование би се здружиле во друг предмет – општествени науки. Исто така, предметите музичко и ликовно би се здружиле во уметничко образование, а техничкото образование и информатика би требало да се спојат во еден предмет – техника, технологија и информатика.
Ова предизвика многу реакции на социјалните мрежи, па министерката за образование и наука, Мила Царовска, појаснува-
„Концепцијата се базира на домашни и меѓународни истражувања, но и на анализи на постојни светски добро поставени концепции за основно образование кои даваат одлични резултати кај учениците. Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главни, носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини секаде во светот, во развиените земји, е поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи критички да размислуваат за одредена тема, која што се обработува низ различни предмети, но се работи низ тематски пристап“, рече Царовска.