АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОУ„ Елпида Караманди“ – Битола започнувајќи од минатата учебна година па до денес, во соработка со организацијата „Отворете ги прозорците“ и Детската Фондација Песталоци учествува во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.
Реализирани се повеќе обуки за наставниот кадар, стручните соработници и родителите на учениците како: „Примена на асистивната технологија во инклузивното образование“, „Циклус на обуки за наставници и родители за работа со деца со потешкотии за учење на далечина“, „Почитување на различностите и интеркултурализмот“, „Детски Права“ и др.
Проектот обезбеди и донација од 12 компјутери и лаптопи за непречено следење на наставата на далечина за деца со потешкотии во учењето, а кои се деца од ранливата категорија семејства.
Во рамките на соработката, ОУ„Елпида Караманди“ – Битола организира настан „Божиќ е за сите нас“.
Целта на овој настан е училиштето со помош на донациите што ќе се обезбедат од потенцијалните донатори комплетно да реконструира и опреми „Сензорна соба“ како кабинет по музичко и ликовно образование за работа со ученици со потешкотии во учењето. Практиркувањето на уметностите како што се музичката и ликовната уметност уште од најрана возраст кај децата дава извонредни резултати во развивојот на интелигенцијата, когнитивните капацитети како и моторниот апарат. Особено голем придонес и позитивно влијание имаат кај развојот на децата со потешкотии во учењето и посебни образовни потреби.
Во настанот зедоа учество наши ученици под менторство на наставниците Драган Микаровки, Џенет Тасковска, Дона Димовска и Славица Марковска, со музички точки, ликовни творби, божиќни и новогодишни честитки посветени на сите деца. Во целокупните активности значајна е и подршката од стручната служба и раководството на училиштето.
Настанот денес масовно ќе го следат нашите ученици, родители, наставниците и пошироко. Ве покануваме да го проследеие и Вие на следниот линк
https://m.youtube.com/watch?d=n&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3_Ec2u529MCyKmnzhJvdWmL0hPSQ_ODTa0Ncwg2sNjkCDS4IfyaYFGPq0&v=zlmH_QGTdaI