2win800x200

МКЦ го одбележува Меѓународниот ден на човекови права со проекција и дискусија по филмот „The Reformist”

Декември 17, 2020

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човекови права, Младински културен центар - Битола вечерва со почеток во 18 часот во Малата сала при Центарот за култура ќе организира проекција на филм и дебата. Настанот ќе вклучува проекција на игран филм “The Reformist” од данска продукција и модерирана дискусија за темата на филмот со присутните на проекцијата. Модератор на настанот ќе биде Рената Јајоска - поранешна потпретседателка на Млади европски цоцијалисти (Young European Socialists YES).

Филмот е со субтитл на англиски јазик, затоа е потребно посетителите да имаат основно познавање на англискиот јазик.
Настанот се го организира по сите протоколи за заштита од Ковид-19: задолжителна онлајн регистрација за посетителите, мерење на температура и дезинфекција на раце при влез, носење на заштитна маска и одржување на физичка дистанца.
Линк за онлајн регистрација:
https://forms.gle/bPPZVeHpq7HWzPVdA
Бројот на посетители е ограничен.
МКЦ-Битола го организира настанот во партнерство со Фестивалот на филм за човекови права “Movies That Matter” од Хаг, Холандија и со поддршка на Холандската амбасада во Република Северна Македонија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани