АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откако Општина Битола го постави спомен обележјето на кое името на градот е испишано, така што на местото на буквата о има срце, овој начин да се запишуваат имињата на градовите се пренесе и во други општини. Така, идејата на битолската градоначалничка Наташа Петровска, почнаа да ја применуваат и други градоначалници и политичари кои буквата од називот на градовите или термините што сакаат да ги потенцираат ја ствааат во срце. Ова, секако, во објавите на социјалните мрежи, а не во официјалната комуникација.
По Битола со црвено срце во средината, кое означува љубов и посветеност, и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов завчера го напиша Скопје со зелено срце на средина укажувајќи на тоа дека на Булеварот „Гоце Делчев“ има ново подигнатото зеленило и нови дрвја.
„Со љубов за Битола“ е симболиката која ја испраќа новото спомен обележје поставено во градскиот парк, кај Саат кулата, по повод Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември. Ова обележје, дополнително ја зголемува културно – историската вредност на оваа локација, збогатувајќи ја и нејзината туристичка атракција. Буквите кои во вечерните часови се осветлени, не оставаат рамнодушен ниту еден битолчанец, затоа што нивната визуелна впечатливост, всушност со себе носи силна порака на придонесот за градот кој го давал и дава секој жител на оваа општина. Токму ова место стана хит за фотографии кои ги прават битолчани и други посетители на градот токму од срцето на градот. Во изминатите месец и половина таму „паднаа“ илјадници фотографии.