Работна средба посветена на забрзување на динамиката на инвестициските проекти на АД ЕСМ се одржа денеска меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, информираат од АД ЕСМ
На состанокот во Министерството за транспорт беа разгледани статусите на реализација на повеќе проекти за кои е потребна документациска и урбанистичка поддршка од Министерството, а кои пред се’ се однесуваат на инвестиции во обновливи извори.
На средбата стана збор за проектите за фотонапоските електрани во Осломеј, проширувањето на ветерниот парк Богданци, Топлификација на Битола, Новаци и Могила, проектот Чебрен, како и околу наследените правни проблеми со новата деловна зграда на АД ЕСМ и неможноста поради истите објектот да се стави во употреба.
Утврдена е и насока за поинтензивна комуникација меѓу двете институции со цел предвидување на потребните активности во надлежните акти на Министерството заради навремена подготовка на теренот за идните планирани инвестиции.