2win800x200

Пензиите ќе се исплатат пред Нова Година

Декември 23, 2020

На седницата што се одржа вечерва Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец декември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.12.2020 година за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.12.2020 година.



Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

- За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани