2win800x200

Св.Јован Бигорски ќе биде затворен за верниците-литургијата за Божик ќе ја следите онлајн

Јануари 05, 2021

 

Манастирот  Св.Јован Бигорски ќе биде затворен за верниците-Литургијата за Божик верниците ќе можат да ја следат онлајн.

Ве известуваме дека поради  постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, Христовото Рождество во Свештената Бигорска Обител ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание и ограничување на бројот на присутни. Со оглед на тоа што на бдението ќе присуствуваат братството на манастирот, останатите негови жители, како и сестрите од сестринските манастири, веќе е пополнет максималниот број на присутни, согласно препораките. 

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани