АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се намалува бројката и на позитивни и на смртни случаи од Ковид-19. Така покажуваат статистиките на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 декември до 3 јануари. Исто така се намалува и тестирањето.
Според овие податоци, во таа недела биле регистрирани 2.329 позитивни од 10.778 направени тестови што е намалување од 30,9 отсто во однос на претходната седмица. Починале 93 лица, огромниот дел од нив над 60 години. Бројот на смртните случаи е помал за 27,9 отсто во однос на неделата пред неа. Скопје и натаму останува на врвот и по бројот на новозаразени и според починати.
Со статусот „оздравени“ се стекнале 3.884 лица, што е незачително помалку во споредба со минатата недела.