Webp.net gifmaker

Хидросистемот Стрежево подготвено ги дочекува дождовите и снеговите

Јануари 10, 2021

 

Акумулацијата Стрежево е подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија регионот деновиве. Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на река Шемница.
Дежурните екипи со опрема и ресурси се активни на терен, ја следат состојбата предизвикана од обилните врнежи и преземаат мерки и координирани активности во рамките на своите надлежности. Електро-енергетските постројки се исклучени, единствено во функција е ставена деривационата централа ХЕЦ Довлеџик, а со единствена цел - превенција од најмала можност за поплавување и вложување на максимални напори за зачувување на секоја капка вода во интерес на водокорисниците.
Следниот период можеме да очекуваме значително подобрување на хидролошката состојба се со цел да можеме да обезбедиме подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода.
Во акумулацијата моментално има 45 милиони метри кубни вода што според надлежните е добро за сушниот период низ кој поминавме. По овие врнежи се очекува хидролошката состојба да биде многу подобра.
ЈП “Стрежево” - Битола со рационално користење на водата, намалување на загубите на вода на минимум и штедење на водата, ќе направи се да обезбеди доволно количина на вода за реализација на планот за сезоната за наводнување.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани