Детскиот хор "Македонски ѕвончиња" го претстави својот прв проект "Македонско девојче". Како што објави, Марина Коруновска од детскиот хор „Ѕвончиња“, во видеото учествуваат деца од повеќе земји низ светот, обединети преку македонската музика, но, исто така најави и други проекти годинава.
-Детските срца од Македонија ( Битола, Охрид, Скопје) Германија, Канада, Швајцарија, Шведска обединети преку македонската музика ќе ве внесат во вибрацијата на љубовта кон македонската песна.
Продолжуваме со нови проекти со нови македонски песни во 2021, вели Коруновска