2win800x200

Надојде Црвена Река на Пелистер

Јануари 10, 2021

Врнежите ја наполнаа со вода Црвена Река, една од притоките на Драгор што доаѓа од Пелистер. Фотографија ни ја испрати читател кој има викендица во Ниже Поле од каде минува речниот тек. На фотографијата се гледа дека речното корито е полно со вода и брзаци. Жители и викендаши од Ниже Поле велат дека Црвена не ја виделе со толкав воден потенцијал со години наназад.

Од ЈП Водовод уште вечера соопштија дека водотеците на реката Драгор се полни вода, а подоцна реката однесе и дел од коритото. Инаку Драгор го полнат три помали реки, Сапунџица, Лаг Поток и Црвена Река.  Црвена Река е продолжение на изворите од реонот на Мало Езеро,а во близина на Ниже Поле се влева во Драгор и продолжува кон Дихово, а потоа и кон градот.

Вкупната должина на Драгор е 25 123 км со обем на вододелниците од 67 км, слив од 188 километри квадратни и среден пад од 17 промили. Количеството на вода во реката зависи исклучиво од врнежите и подземните води на Баба и Пелистер.137022018 238444077721583 2856342514340926527 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани