2win800x200

На локалните избори треба да има отворени листи, смета министерот Милевски од ЛДП

Јануари 13, 2021

 

На локалните избори кои треба да се одржат во октомври годинава треба да има отворени листи за советници, е ставот на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој е и претседател на политичката партија ЛДП.

Тој очекува дека од пролет ќе почне да се „вжештува“ политичката атмосфера и ќе почнат калкулациите меѓу партиите, а ставот и на Министерството и на неговата партија е да има отворени листи. Општинските совети, според него, треба да бидат помоќни, а доколку има отворени листи во нив би можеле да влезат и претставници од НВО секторот.

„Дали се големи Советите, дали треба да се намали бројот на советници, тоа треба да го дискутираме. Ние во една наша платформа што ја работиме со ЗЕЛС, сметаме дека би требало да се намали бројот на советници, но и тие да се бираат на отворени листи за да влезат луѓе кои имаат авторитет во средината“, изјави Милевски на ТВ 24 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани