2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СЈО очекува осудителна пресуда за "Транспортер"

Февруари 21, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почна главната расправа по предметот „Транспортер“ каде обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба.

Судот ги одби како неосновани барањата на одбраната за одложување на денешната главна расправа за предметот „Транспортер“. Тие бараат одложување, бидејќи не им биле доставени аудио материјалите, како и другите докази во пишана форма.

Судењето продолжи со воведен говор на обвинителите од СЈО, кои рекоа дека Талевски и другите обвинети со злоупотреба на службената положба при организација на превоз на учениците за учебните 2009/2010/2011 година успеале да остварат противправна имотна корист од 556 илјади евра.

Обвинителите пред Судот истакнаа дека ќе докажат дека обвинетите склучиле договори без запазување на постапката за јавна набавка на неоснована висина и износ и на незаконски начин.

Доказите, според обвинителите, ќе докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат. Тие очекуваат осудителна пресуда.

Адвокатите на обвинетите рекоа дека состојбата со превозот е слична или иста во цела Македонија и оти ќе покажат од кои причини обвинетите немаат сторено кривично дело.

Според адвокатите, во Битола превозот на учениците не само што бил законски организиран, туку и спроведен по пониска вредност по ученик во однос на други градови во државава.

Според одбраната, обврската за организација на бесплатен превоз на учениците на училиштата им била наметната во средината на учебната година, и оти ако не се спроведела имало високи казни. Тие, како што вели одбраната, не можеле да предвидат колку ученици ќе го користат превозот во следната учебна година.

Расправата се води од почеток поради промена на судечкиот совет. Претседател на судечки совет е Добрила Кацарска. Претходните рочишта беа одложени поради немање одговор за поднесена жалба до Апелациски суд.

извор МИА 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани