АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ковид центрите во болниците низ целата земја во последните 24 часа пријавено е дека се лекуваат вкупно 584 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 262 се во Скопје, а 320 во другите градови.
Во истиот период во скопските ковид-центри примени се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 6 се примени на интерните клиники, четворица во ГОБ 8 Септември и 10 на Инфективната клиника, додека дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Што се однесува до болниците низ државата, најмногу хоспитализирани има во Охрид-65. Во болницата во Битола се лекуваат 20 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 35 пациенти, на инфективното одделение во Тетово-15, во Велес 16, а во Куманово 45. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 65 пациенти, во Прилеп 20, во Гостивар 17, а во Струга 20. Во болницата во Струмица има 20 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 12, Кавадарци 16, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болниците низ државата во ковид-центрите има околу 580 празни кревети, а во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла.