2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Институтот за класични студии со вредна донација на книги за Гимназијата „Јосип Брзо Тито“ во Битола

Јануари 27, 2021

Во Институтот е и заоставштината на професорот Михаил Д. Петрушевски, поранешен ученик на битолската гимназија „Јосип Броз- Тито“, подоцна филолог, академик, ректор на Скопскиот универзитет,  која направил препев на едни од најзначајните дела од античката литература, „Илијада“ и „Одисеја“

 

Во меѓусебна соработка на предметниот наставник по класични јазици Софија Бејковска и професорот по старогрчки јазик Валериј Софрониевски од Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет, Гимназија „Јосип Броз – Тито“ имаше прилика да го збогати својот библиотечен фонд со дела вредни од областа на античката литература и класичната филологија.

„Се работи за подарок од вработените на Институтот за класични студии како и од други класични филолози, преведувачи на античките дела. Во збирката која ни е доставена има и поранешни преводи и препеви на книги, преводи од поново време, како и вредни речници и друга стручна литература напишана од македонски автори. Има и некои постари изданија на книги кои сега не можат да се најдат и да се купат во книжарниците“, соопштија до Гимназијата за Апла.мк

Инаку, библиотеката на Институтот за класични студии е една од најстарите и, бездруго, најбогатата библиотека на Филозофскиот факултет во Скопје. Опфаќа повеќе од 40.000 наслови: оригинални текстови на старогрчки и латински јазик, книги од областа на класичната филологија (со голем број речници, лексикони и енциклопедии, меѓу кои и ретки наслови како Pauly-Wissowa енциклопедија) и науките сродни на неа. Во богатиот библиотечен фонд има бројни стари книги од XVIII, XVII и триесетина од XVI век; најстарата книга- Евклидовите “Елементи” датира од 1520 година. Преку постојаната размена на списанието Жива Антика во библиотеката секојдневно се слеваат голем број периодочни списанија, од кои добар дел не може да се најде никаде во нашето опкружување.

Во просториите на семинарот се наоѓа и колекцијата книги - заоставштина на професорот Михаил Д. Петрушевски. Тој бил ученик на битолската гимназија „Јосип Броз- Тито“,  подоцна македонски академикфилолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, како ректор на Скопскиот универзитет. Има направено препев на едни од најзначајните дела од античката литература, „Илијада“ и „Одисеја“.  „Скендербег“ од Григор Прличев, „Поетика“ од Аристотел и други дела.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани