2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почина најпознатиот битолски статист

Јануари 30, 2021

На 72 години почина Илија Петковски- Бимбо, најпознатиот битолски статист. Статираше во филмови и серии кои се снимаат во Битола како „Трето Полувреме, Ослобудувањето на Скопје“, „Збогум Румелија“. Поради неговиот изглед со долга бела брада најчесто му даваа улога на свештеник. Инаку, битолчани ќе го запаметат како тивок и културен човек кој љубезно ги поздравуваше своите познаници, па дури и случајните менувачи кои ќе му упатеа поглед. Петковски пред повеќе години својата животна приказна ја имаше раскажано за неколку медиуми кога посведочи дека живее во куќа која се распаѓа и дека одвај сврзува крај со крај, но упати благодарност до битолчаните кои му помагаа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани