2win800x200

Димовска-Над 20.000 членови го ажурирале членството во СДСМ за првите 10 дена

Февруари 04, 2021

 

Интегрален текст од изјава на Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола

 

Веќе 10 дена во тек е постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Горди сме на транспарентноста, демократскиот капацитет и на начинот на којшто се реализира оваа акција, почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето.

Над 20.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ за првите 10 дена.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.

Социјалдемократски сојуз на Македонија се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните.

Паралелно со процесот на ажурирање, во полн ек е и регистрацијата на нови членови во владечката партија. Охрабрува бројот на граѓани кои пристапуваат во СДСМ, кои на нашите политики гледаат со симпатии и кои ги препознаваат нашите напори за модернизација на општеството во целина. 

Благодарни сме на поддршката од нашите сограѓаните, тоа е наш мотив да продолжиме по вистинскиот пат на реформи.

Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани