2win800x200

И Битолскиот Регион на картата со црни точки на патишта каде зачестено се случувале сообраќајни несреќи

Февруари 04, 2021

„Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди во 2020 година, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година. Во јануари 2021 имаме намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви. Вкупниот број на сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто. 2020 година пак е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува- соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција. 

Но, ние како министерство, потенцира Спасовски, продолжуваме со интензивни мерки и активности за оваа бројка да биде многу помала и статистиката од месец јануари покажува дека сме на добар пат.

„Една од мерките со кои сакаме да влијаеме на свеста на учесниците во сообраќајот е изработката на мапа на црни точки, односно места каде во 2020 година најчесто се случувале сообраќајни незгоди со тешки последици. Апелирам до медиумите, да ја споделите оваа мапа со јавноста и да ги информираме граѓаните за да бидат внимателни на овие места, а полицијата ќе има континуирани засилени контроли на овие т.н. црни точки и на тој начин да придонесеме да се намали бројот на сообраќајни незгоди.  Продолжуваме и со засилените контроли особено на автопатите, но и на другите патишта, како и улиците во населените места“,рече Спасовски.

 На картата со црни точки Битолскиот Регион е на четвртото  место одназад. Поставени се 13 црни точки, меѓу кои Скопје на 13 место, односно со најголем број на сообракајќи, па Прилепско на 12 место, Велешкиот регион на 11, Охридско на 10 место итн.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани