АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата го разреши Ристо Чулаковски, член на Управниот одбор – преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола поради наводно постоење судир на интереси, соопштија од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,
„На денешната владина седница по доставена иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), а разгледана и постапено од страна на кабинетот на ЗПВ Љупчо Николовски, Владата донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски ,член на Управниот одбор – преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола. Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси“, стои во дописот од кабинетот на Николовски.
Оттаму не откриваат детали за разрешувањето, но велат дека „секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите“.
Борбата против корупцијата и криминалот е меѓу клучните приоритети во владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година.