АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во болнички услови по компликации од ковид-19 во последните 24 часа починаа 9 пациенти, и тоа 4 од Скопје (53, 67, 68, 74), и по еден од Прилеп (68), Велес (75), Охрид (72), Струмица (81), Кочани (63). Според Министерството за здравство, од 2.863 тестови регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.
На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 591 и има околу 490 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Регистрирани се 407 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.