2win800x200

ЈП „Стрежево“ во 2021, со инвестиции од 50 милиони денари

Февруари 23, 2021

 

ЈП „Стрежево“ Битола во 2021 година ќе инвестира 50 милиони денари.  Првиот човек на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски вели дека Владата даде согласност за инвестициската програма на „Стрежево“. Најголема инвестиција за годинава е изградба на фотоволтаична централа на Брана со моќност од 500 kw. Има можност и во следниот период да се изгради уште една фотоволтаична централа плус, со оглед дека имаат дозвола од Министерството за економија за изградба на 1000 kw. Вредноста на централата што ќе се гради е 21 милион денари. Инвестицијата во Ски центарот Стрежево е во изградба на стакларник, а се разгледуваат можностите, доколу се обезбедат средства и за поставување на топови на снег. 
-Ќе инвестираат во рехабилитација на деталната цевководна мрежа од 20 милиони денари, во градежна механизација 10 милиони денари и други инвестиции во главениот и собирен канал. Цената на водата за земјоделството, индустријата и водоснабдување нема да се зголеми, рече Граматковски додавајќи дека акумулацијата Стрежево има 35 проценти вода повеќе од лани.

 

мен 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани