2win800x200

Фатиме Фетаи утре гостин на Научното друштво од Битола

Февруари 23, 2021

 

Јавниот обвинител Фатиме Фетаи утре ќе биде гостин на Научното друштво од Битола на онлајн научно стручна дебата насловена-Родова еднаквост и заштита на жените од насилство, приоритет или предизвик?  Покрај Фетаи ќе дебатираат и претставници од Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Маргини и од невладината Сумнал. 

На денешната прес конференција во Научното друштво беше изнесена програмата за работа за тековата годината.

-Главен акцент оваа година ставаме на големиот јубилеј 100 години од раѓањето на великанот Академик Блаже Конески, за што ќе организираме повеќе настани, а една наша идеја и манифестација е составен дел на Националната програма за одбележување на големиот јубилеј. МНД во соработка со Педагошкиот факултет, на почетокот на јуни ќе организира тркалезна маса на тема -Делото на Конески постојан извор на истражувања, во науката за јазикот, литературата и културата, рече Нневена Груевска, претседател на МНД Битола. Годинава ќе бидат организирани и литературни читања, изложби, работилници во чест на Конески.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани