АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членовите на Собранието при Здружението на пензионери од Битола на денешната седница која се одржа со почитување на мерките за заштита од ковид-19, а со која раководеше претседателот Крсте Белевски, го усвои извештајот и завршната сметка за работењето во изминатата година. При тоа, Белевски рече дека работењето е позитивно, а Здружението доделени и неколку хуманитарни донации на медицински установи.. Така, 150 000 денари беа дадени за операции и лекување на пензионери.
Претседателот на ИО Томе Димитровски информираше дека одредените анкетари кои неодамна беа обучени за изработувањето на социјалните пензионерски книшки, собирањето на податоците ќе го спроведат во април и мај и тоа кај оние пензионери што се заинтересирани за таа цел, бидејќи книшката ќе биде од нивна полза. Димитровски рече дека запишувањето за огревни дрва ќе трае до средината на идниот месеци. И годинава членовите на здружението кои се 19 300 на број, ќе може еднаш месечно бесплатно да контролираат шеќер, притисок и холестерол во три здравствени установи во градот . Доколку Општината формира јавно претпријатие за градски превоз ќе биде потпишан договор за да можат да го користат пензионерите од Битола, Новаци и Могила по поволни услови.