АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Три милиони денари издвои годинава државата за заштита на македонскиот црковен бисер „Св Ѓорѓи“ во Курбиново. Тоа се најмногу пари од областа на културата издвоени за еден проект во Преспаснко-пелагонискиот Регион од програмата на Министерството за култура. Средствата се наменети за конзервација и реставрација на прва фаза архитектура и конструкција на црквата „Св. Ѓорги“, втора фаза како културно наследство во опасност, а ќе бидат вложени уште 20.000 денари за изработка на елаборат за ревалоризација на црквата.
Вкупно 8,2 милиони денари во Преспанско пелагонискиот Регион се наменети за заштита на недвижното културно наследство. Министерството за култура ќе поддржи 18 проекти на Завод и Музеј Битола од кои се предвидуваа дополнителна заштита на објекти од културно-историско значење. Покрај Курбиново, половина милион денари ќе завршат, исто така, во Преспанскиот Регион, овој пат за конзерваторски-реставраторски интервенции на архитектура и конструктивна консолидација на црквата „Св. Петар“ на островот Голем Град на Преспанско Езеро, која датира од 14.век, а ќе се изготви и проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство. Ќе се заштитува и црквата „Света Петка“ во Брајчино, ѕидното сликарство во црквата „Св. Димитрија“ во село Градешница, Мариово, заштита на црквата „Свети Сотир“ во Гопеш, археолошки истражувања во Слепченскиот манастир, конзерваторски проeкти за ентериерот во Јени џамија.
По 310.000 денари се издвоени за реставрација и конзервација на фасадите од Спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов во Битола.
Годинава ќе има зафати и врз фасадата на Завод и музеј за што се планирани 1,6 милиони денари. На листата не е испуштена ни Хераклеја со итни превентивни конзерваторски интервенции врз мозаиците и други зафати.