2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Низ Битoла поставени 22 контејнери за одлагање на стаклена амбалажа

Март 04, 2021

Во Општина Битола се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одлагање на стаклена амбалажа. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги (ГИЗ ОРФ ММС). Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

„Соодветниот третман на отпад е исклучително значаен, а со тоа соодветно и на стаклениот отпад. Од денес во Битола се поставени уште 22 контејнери за стакло, со што нивниот број во градот е 80. Ваквиот начин на третман на отпадот претставува заштеда и на енергијата, бидејќи многу поголема заштеда има доколку стаклото се рециклира, отколку да се произведува од почеток. На овој начин се овозможува да не се фрлаат насекаде стаклените амбалажи. Она што го очекувам е подигната свест кај граѓаните, бидејќи сите ние соодветно треба да го третираме отпадот во соодветите контејнери, а со тоа и даваме добар пример и на помладата популација. Тие треба да ги менуваат трендовите и културата на живеење, онака како што се случува во другите метрополи ширум светот, со запазување на сите вредности“, рече Петровска.

natasa

На потпишувањето на договорите присуствуваше и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ која информираше дека во рамките на Проектот учествуваат општини од три земји: Србија, Босна и Херцеговина и од нашата земја.

„Од нашата земја на почетокот на проектот беа избрани две пилот –општини:. Илинден и Штип, но по создадените услови ги приклучивме и општини: Гевгелија, Битола, Тетово и Град Скопје. Освен создавање на соодветна инфраструктура на специјални контејнери за депонирање на стаклена амбалажа и унапредување на собирањето на отпад од пакување од стакло, целта на Проектот е и да се развијат соодветни бизнис модели што ќе бидат применливи и во останатите единици на локалната самоуправа. Во сите општини, опфатени со Проектот ќе се мери количината на собраното стакло, со цел таа да биде зголемена, најмалку за 20% од досегашните количини“, посочи Перишиќ.

perisic

За целите на Проектот, Александра Каревска –Димовска, претставник од ГИЗ ОРФ ММС истакна:

„Воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот е главната цел. Во таа насока се реализираат низа активности, меѓу кои: поставување на соодветна инфраструктура на контејнери за одложување на стаклото во пилот-општините; спроведување на кампања за едукација на населението за важноста од селектирање на стаклото; зголемување за 20% на собраните количини на стакло; потоа спроведување на обука за јавните комунални претпријатија и развивање на три бизнис модели за општините (урбан, рурален и ХОРЕКА ) што во следниот период ќе послужат како урнек за успешно управување со отпад од стакло“.

aleksandra

Општината планира и во иднина да обезбеди нови количини на контејнери за оваа намена, а со тоа уште повеќе ќе ја унапреди оваа услуга за граѓаните, односно да им овозможи во непосредното место на своето живеење да може да го депонираат овој отпад.

„Количината на 80 контејнери сепак сметам дека не е доволна, бидејќи во Општина Битола имаме и рурални места, кои што веќе го рециклираат отпадот. И во иднина ќе го прошируваме капацитетот на контејнерите за стакло. Но од друа страна не радува што граѓаните веќе покажуваат свесност за рециклирање и преку специјалните контејнери кои ЈП „Комуналец“ ги постави, а се наменети, покрај стаклото, за рециклирање на хартија, пластика и органски отпад“, рече директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

pande

Општина Битола е една од 14 општини и градови во регионот во кој ќе се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклената амбалажа и адекватниот третман на овој отпад, во рамките на регионалниот Проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. Проектот е финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот DeveloPPP.de.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани