2win800x200

Британски сој на вирусот има и вториот битолчанец вратен од Занзибар

Март 04, 2021

 

Британскиот сој на коронавирусот е откриен и кај вториот пациент од Битола кој пред неколку дена се врати од Занзибар, Африка. 

Присуство на британскиот сој на вирусот е детектиран во лабораторијата на МАНУ и кај сопругот од битолскиот брачен пар кој се зарази на патување во Африка, потврдија попладнево од Министерството за здравство. Кај неговата сопруга британската мутација беше потврдена вчера, со што ова се првите два случаи со овој сој на вирусот во Битола. 

Брачниот пар се врати од Занзибар минатиот петок. Сопругата со симптоми веднаш била префрлена во болницата „8 Септември“ во Скопје, каде била тестирана. Сопругот, пак, од понеделникот е хоспитализиран во болницата за Нефрологија во Струга. Бил тестиран во Битола, но од Центарот за јавно здравје немаа информација дали тој имал контакти и дали е некој е ставен во изолација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани