Расте бројот на новозаболени во Битола, денес 25 позитивни на КОВИД-19

Март 06, 2021

Денеска во здравствениот билтен се регистрирани 25 новозаболени во Битола, 1 починат пациент и 212 активни случаи. Во битолската Болница се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

 

 

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 375 
-Прилеп 44 
-Кавадарци 35 
-Гевгелија 29 
-Битола 25 
-Гостивар 23 
-Тетово 22 
-Куманово 20
-Охрид 16 
-Штип 15 
-Крива Паланка 14 
-Неготино 13 
-Велес 11 
-Струмица, Струга и Кочани по 10 
-Богданци 9 
Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево по 5
-Валндово 3 
-Делчево, Пробиштип и Демир Капија по 2
-Кратово и Демир Хисар по 1
 
Починати се 8 лица, по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
 
Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:
-Скопје 50 
-Прилеп 29 
-Кавадарци 25 
-Куманово 15 
-Тетово 14 
-Велес 9 
-Неготино 8
-Кочани и Гевгелија по 6 
-Гостивар 5 
-Струмица и Крушево по 4 
-Богданци 3
-Штип, Свети Николе и Валандово по 2 
-Делчево и Пробиштип по 1
 
Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани