2win800x200

МОН не покажа слух за предлозите на ликовните педагози-Сите сакаме промени, но прашање е какви промени?

Март 19, 2021

 

Министерството за образование  не покажа слух за барањата и предложите на ликовните педагози .
Тие преку соопштение се обраќаат до пошироката јавност. Соопштението ви го пренесуваме интегрално. 
 
Би сакале да ве информираме за преземените активности и остварените средби од наша страна од кои како најважни би ги издвоиле: - Остварена средба во МОН со министеркaта
- Остварена средба со Кабинетот на Претседателот на РСМ, на која е добиена поддршка за нашите ставови;
- Остварена средба во Собранието на РСМ со Претседателот на Собранието, на која е добиена поддршка за нашите ставови;
- Добиена писмена поддршка од МАНУ и многу други институции и здруженија за нашите ставови;
- Остварена средба со UNICEF, Скопје, можност за понатамошна соработка Концептот е прифатен од Владата, а во однос на предметот Ликовно образование усвоено е следното:
-Ликовно и музичко образование остануваат како посебни предмети во наставните програми до 9-то одделение -Ликовно образование со еден час од прво до девето одделение -Предметните наставници се вклучуваат во 4 и 5 одд со 14 часа -Се намалуваат часовите од прво до петто одд Не ги добивме блок часовите за кои сите знаеме колку ни се потребни.
 
Се потрудивме да го укажиме тоа, да дадеме предлози и забелешки кои сметавме дека позитивно ќе влијаат на самиот образовен процес, но немаше слух.
Сакаме да напомениме и дека добивме голема поддршка за нашите ставови од разни институции и здруженија огромна благодарност до сите нив. Но исто така бевме соочени со прилично игнорантски однос од МОН, институција која е надлежна и беше најповикана добро да ја организира најавената реформа. Ние сметаме дека пред да се почне со ваква комплексна реформа во наставните предмети и содржини треба: Реформите да се насочат во создавање на минимум материјално-технички стандарди за опременост на училиштата, затоа што се во очајна состојба почнувајќи од посебни кабинети, столчиња, клупи, ресурси за настава, техничка опременост, инфраструктура.. пр. онлине наставата има предност затоа што може да се презентира и црпи информации од интернет, доколку би имале проектор во секоја училница тоа би можеле да го користиме и со физичко присуство Сите родители кои имаат деца во основно образование знаат дека пред се во нашите училишта нема сапун, тоалетна хартија, топла вода и слично за задоволување на основните потреби на учениците. Ова од причина што за да се спроведе реформа каква што сега намерава МОН прво потребно е одредено минимум ниво на материјално-техничка опременост на сите основни училишта во државата. Додека се решаваат техничките проблеми на училишните објекти, може да се работи на тоа како да се реформира образованието. Дополнително, многу важно и ние како наставници мора да исполнуваме одредено ниво на обученост. Потребно е да се вложи во квалитетни обуки на наставниот кадар. Досегашните обуки не се суштински и се сведуваат на повторување на добро познати работи. Затоа што од нашето искуство правени се реформи во образованието кои беа пропратени со брзи, импровизирани обуки на наставниците. После такви обуки се очекуваат резултати од наставниците.
Новиот концепт покрај другото се базира на анкета во која учествувале 4000 наставници кои сакаат промени. Сите ние сакаме промени, но прашањето е какви промени. Да се направи нова анкета каде што ќе се изјаснат какви промени треба да се направат и ние наставниците први да ги идентификуваме аномалиите во образованието. Наставниците немаат начин да го кажат своето мислење, пример и покрај пријавувањето од наша страна за да присуствувме на јавната расправа во собранието не добивме одговор, на дебата каде што треба да се слушни гласот на наставниците. Обавезно е потребно да се зголемат критериумите при вработување на наставениот кадар. Негативно од аспект на Ликовно образование е дека: - задолжителнитe часови се намалуваат за 30%, се скратуваат часови од прво до петто одд. Ние баравме да се зголемат часовите на два блок часови. -досегашното искуство покажа дека еден наставен час не е доволен за предавање, презентирање и практична настава (подготовка на ликовни материјали, креативно размислување и творење) Со два блок часови би се задоволил минимумот на потребни часови по овој предмет за целосно развивање на креативниот потенцијал кај учениците. - во изборните предмети не се вклучени ликовните подрачја дизајн и визуелни комуникации и графика. Графички дизајн и индустриски дизајн се дел од применетата уметност и се неопходни за изучување во современиот свет.
Додека од предложените, резбарство не е адекватен за нивната возраст. - дискутабилно е и дали предметот ќе им биде понуден на учениците како изборен предмет. Дополнително, од генерален аспект најнегативно е и следното: - во зависност од условите во училиштата, слободните изборни предмети нема да се изучуваат во сите општини исто, а со тоа се укинува правото учениците да имаат подеднакво основно образование. Од овој аспект се поставува прашање дали овој концепт е во согласност со Уставот. - за спроведувањето на овој концепт ќе бидат потребни многу буџетски пари, но не е објаснета финансиската конструкција, односно едноставно колку пари се потребни нашите училишта да се опремат .  
 
Од Иницијативен одбор на ликовни педагози на РСМ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани