2win800x200

Почина универзитетскиот професор, поранешен пратеник и заменик министер, Тале Герамитчиоски

Март 23, 2021

Синоќа на 59 годишна возраст поради компликации од КОВИД-19 почина универзитетскиот професор,  поранешен заменик министер за образование и пратеник од  СДСМ Тале Герамитчиоски. 

Герамитчиоски  е роден во Прилеп 1962 година, и во периодот од 2002 до 2006 беше  заменик-министер за образование во Владата на СДСМ. Во 2006 година на парламентарните избори  беше избран за пратеник. Тале Герамитчиоски беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола. Тој во 2019 беше кандидат за ректор на Битолскиот Универзитет.

Министерката за одбрана и заменик претседател на СДСМ,  Радмила Шеќеринска, на ФБ се прости  со Герамитчиоски.

„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на ФБ Шеќеринска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани