2win800x200

На денешен ден е роден Славко Лумбарковски, учесник во НОБ

Март 30, 2021

На денешен ден, 30 март 1922 во Битола е роден Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Основно и средно образование учеше во родниот град. Уште тогаш стана приврзаник на напредното комунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше учесник во антиокупаторското движење од окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија. Кратко време замина на студии во бугарскиот главен град Софија.

Во 1942 г. беше уапсен, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево на 1 септември 1944 г. како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани