2win800x200

Соклевски-ООУ „Славко Лумбарковски“ го слави патрониот празник со бројни успеси и плодна работа

Март 30, 2021

 

По повод патрониот празник на општинското основно училиште „Славко Лумбарковски“ од Општина Новаци, на споменикот Народен херој во дворот на училиштето,  свежо цвеќе положија директорот Илче Соклевски со вработените од училиштето, како и градоначалникот на општината Љубе Кузманоски со дел од вработените.

и2

-И оваа учебна година во услови на Ковид 19 здравствена и економска криза, со користење на комбиниран модел на настава, училиштето го слави ликот и делото на  патронот Славко Лумбарковски и бележи бројни успеси, активности и плодна работа.

Реализирани се безброј проекти, работилници, предавања. Во наредниот период во училиштето ќе се организираат екстерни и интерни обуки за Советот на родители, Училишниот одбор, како и обука на фокусирана група на наставници, стручни соработници и административна служба, поврзана со начинот на аплицирање на училиштата за средства од  европските образовни програми и фондови, истакна директорот на ООУ „Славко Лумбарковски“ , Илче Соклевски.

Вреди да се истакне и изработката на училиштниот весник ,, Милениум,, , како и подготвеното видео за училиштето, поставено на You Tube каналот и веб страната на училиштето, изработени од страна на училиштните тимови.

-Славко Лумбарковски со својот светол дух и животен пример за тоа како треба да се бориме за слободата на нашата татковина, нека им биде патоказ по кој ќе чекорат учениците и наставниците, истакна Соклевски.

166641692 445309133415623 5726503409105691678 n

167209781 279061053790152 2024786304471125377 n

Соклевски  на учениците и  вработените им го честита патрониот празник и им посака успешна работа и многу здравје.

Може да биде слика на 1 лице, стоење, цвет и надвор

и1

и5

166824187 440668250556508 7246183571159024852 nп

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани