2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Потпишан меморандум за автопат Битола-Прилеп, оваа година ќе почне со градба, рече Бочварски

Април 02, 2021

 Пред два дена потпишавме меморандум за изградба на автопат Битола-Прилеп. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Битола.

Проектот за патот ќе се најде и пред пратениците.

-Првиот чекор до изградбата на автопатот е меморандумот за соработка што го потпишавме пред два дена, следниот чекор претставува навлегување во техничките детали поврзани со договорот кој во иднина би се случил. Со нашите експерти транспарентно ќе ја разгледаме целата постапка и на крај ќе одиме во Собрание за одобрување на тој Договор. Во минатото во државата пробавме на многу начини да градиме патишта, најчесто низ редовната постапка но често се мачиме, ги губиме проектите, а парите остануваат нереализирани и затоа сега сакаме да се обидеме на еден нов начин, низ нов принцип, прв пат да покажеме дека можеме брзо и ефикасно и јасно да покажеме дека ќе градиме инфраструктура за граѓаните како национален интерес број еден за државата. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали. Очекувам од јавноста но и опозицијата да разговараме и да донесеме вистинска одлука, посочи Бочварски.

Според Бочварски новиот модел нуди побрзо и поефикасно спроведување на проектите.

- Овој модел не е непознат во други држави, се работи за брз и поефикасен модел. Ние време за чекање немаме. Паневропските коридори се градат и ако ние не изградиме модерна инфраструктура, тогаш ќе бидеме заобиколени преку другите земји, затоа како Влада влеговме во една ваква постапка, ќе бидеме транспарентни а пред пратеници јасно и гласно ќе објавиме што е тоа доброто за граѓаните, рече Бочварски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани