АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За Велигден и Бајрам да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20, односно до 20: 30 часот, предлага Главниот кризен штаб во Владата. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот е за Велигден полициски час да нема ноќта в сабота спроти недела поточно први спроти втори мај, а за Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај.
„Многу е важно чувството на граѓаните. Да потенцирам, здравствената состојба ја дозволува оваа мерка. Верските заедници земаа обврска да водат сметка за време на празнувањето и собирањето за верските празници“, рече Филипче.
Понатаму, Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час од среда, 28 април, да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот наутро. По овој предлог ќе треба да одлучува Владата на следната седница.