Премиерот на Владата Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се гости на градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, каде присуствуваат на увид на реконструираната полициската станица во Ресен.
-Со реконструкцијата на полициската станица во Ресен, значително се подобрува функционалноста, но и условите за работа на полициските службеници, а на истата се чекаше повеќе од 40-тина година- истакна во своето обраќање градоначалникот Гошаревски.
Полициската станица во Ресен е 55 тиот реконструиран објект, кој што ги задоволува стандардите на енергетска ефикасност.
Целосната реконструкција на објектот изнесува 12 милиони денари, обезбедени од од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.