АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со членството во ЕУ ќе ни се отворат широко вратите за студирање на странските универзитети, ќе добиеме пошироки можности за кариерен напредок, а и дипломите од нашите универзитети би биле широко признати. Ова е само едно од размислувањата на средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола кои ги изнесоа во видео материјалот „Младите и нивните размислувања за членството во ЕУ“ по повод 9 Мај, Денот на Европската Унија.
Тие сметаат дека со членството на нашата земја во европското семејство ќе можат полесно да патуваат, остваруваат контакти, да стекнат нови вештини и квалификации кои потоа со враќање во татковината ќе можат да ги спроведат во рамки на својата работа и тука.
Младите очекуваат по членството во ЕУ да се реализираат проекти кои ќе го зајакнат младинскиот активизам, образована размена на кадри, за нови работни места и друго.
Ова беше дел од настаните со кои Општина Битола го одбележува 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во наредните денови ќе се одржат он-лајн дебати и предавања со средносшколци и студенти за искуствата со Еразмус плус програмите, како и за начинот на конституирање на ЕУ.