2win800x200

Започна реконструкцијата на улицата „Тошо Даскало“

Мај 14, 2021

Една од најфреквентните улици во градот, која беше доста оштетена, започна да се реконструира. Станува збор за улицата „Тошо Даскало“, каде што е предвидена промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“, водоводни приклучоци кои ќе ги работат екипи на ЈКП „Водовд“ и финално, поставување на нов коловоз.

Градоначалничката Наташа Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, беше информирана за динамиката на работа и зафатите кои овде ќе бидат изведени.

Локалното население пак изрази задоволство што и оваа улица ќе добие нов лик.

Вредноста на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е околу 11.500.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани