2win800x200

11 канцеларии во ПЕ на МЗШВ и АХВ во Битола добија нов лик

Мај 14, 2021

 

Вкупно 11 канцеларии добија нов лик во ПЕ на МЗШВ во Битола и во АХВ. 
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска денеска беа гости на раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола Методија Илиевски, при што  ги посетија реновираните простории на подрачните единици во Битола.
Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе, внатре и office
 
Градоначалничката Петровска ја потенцираше целокупната соработка која што општината ја има со овие институции.
Нема достапен опис
 
„Оваа завршница на реновирањето е во интерес и на Општина Битола, бидејќи самата општина има 65 села, со население кое има потерба од овие две институции. Во таа насока сигурна сум дека и во следниот период би делувале заедно, токму заради тоа што користиме објект кој што е на општината, даден на овие институции и е уште еден показател за успешната соработка помеѓу нас“, посочи Петровска.
Нема достапен опис
 
„На овој начин им нудиме, но исто така им даваме поквалитетни услуги на сите земјоделци од регионот, кои што особено овој период активно аплицираат за одредени субвенции наменети за нив. Со реновирањето на просториите се обезбедува зголемен капацитет и поголема безбедност за граѓаните“, рече министерот Хоџа.
„Со создавањето на квалитетни просторни услови на вработените, односно на административците и инспекторите во АХВ, доаѓајќи во старата општинска зграда на Општина Битола, правиме една целина со другите институции сместени во зградат, а им овозможување на граѓаните на една локација за сродни дејствија да можат да ги реализираат своите потреби“, истакна Бабовски.
Можно е да е слика од furniture, office и внатре
 
Можно е да е слика од 1 лице, стоење и надвор
Нема достапен опис
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани