Васко Ковачевски, долгогодишен истакнат член и функционер на ОО СДСМ Битола е избран за член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-По денешниот 26. Конгрес на СДСМ, на предлог на Претседателот, Зоран Заев, членовите на Централниот одбор го избраа битолчанецот Васко Ковачевски за еден од 18-те нови членови на највисокото извршно тело на СДСМ, Извршниот одбор на партијата, објавија од СДСМ-Битола
Васко Ковачевски во два наврати беше пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, во периодот од 2014 година до 2016 година и од 2016 година до 2018 година. Претходно, два мандати беше на чело на ОО на СДСМ Битола, во периодот од 2009 година до 2013 година и од 2013 година до 2018 година.
Во својата богата партиска кариера извршувал и други функции. Учествувал и во голем број тела на јавни установи, институции, хуманитарни организации, спортски клубови.
Ковачевски е дипломиран инженер по термо енергетика, а магистрирал менаџмент на човечки ресурси. Во моментов е генерален директор на АД ЕСМ.