Webp.net gifmaker

Поставени 12 подземни контејнери на Васко Карангелевски, Комунелец ќе поставува и во централното градско подрачје

Мај 20, 2021

На пет локации на улицата „Васко Карангелевски“ поставени се 12 подземни контејнери за собирање на отпад, што за првпат сe применува во Битола

Kontejneri 5

 

-Во овој дел од градот, веќе извесен период, се реалзирани низа зафати. Поставивме ЛЕД осветлување , извршивме хортиклутурно уредување, го проширивме просторот на зелени површини. Поставени се клупи, преземни се активности кои подразбираат смирување на сообраќајот. Денес промовираме поставувањето на 12 подземни контејнери кои што значат ослободување на просторот, што е во интерес на граѓаните и на заедницата, имаат поголема функционалност и дефинитивно нешто што остава попријатна слика за опкружувањето, за граѓаните. Сакам да нагласам, бидејќи започнавме со инфраструктурни зафати кај Довлеџик, инфраструкутрата која што таму се изведува  подоцна треба продолжи и тука, а тоа ќе подразбира реализација на велосипедски патеки кои што стартно би ги имале во тој дел од градот, по што континуриано треба да продолжи тој проект. Станува збор за еден инегриран пристап кон инфраструктурата и она што значи урбано живеење. Се може да се направи, а се што ќе се направи треба да се чува, па во оваа прилика, замолувам, како граѓани да покажеме свест и будност дека треба да се грижиме за сето ова сите заедно, рече градоначалничкта Наташа Петровска

komunalec2

Во пресрет на Светскиот ден на заштита на животната средина 5 јуни, ова е само уште еден показател за подигнување на свеста за постапувањето со отпад како заштита на животната средина, истакна директоротна ЈП Комуналец, Панде Богоевски.

komuanlec2

-Ова е нов систем на подигање на отпадот од подземни контејнери, кој треба да ни даде позитивни резултати. Има точно предвиден отвор за одлагање на отпадот , не би сакал да гледаме слики тоа да не се почитува и да се остава отпадот наоколу, не би сакале да се фрла градежен шут или други видови на отпад кој не е соодветен за одлагање во овие подземни контејнери. Ако сите заедно, покажеме таква грижа и постигмеме позитивни резултатит, ние ќе направиме анализи и проценки за нови локации на кои ќе поставиме вакви контејнери, рече Богоевски.

Советот на Општина Битола веќе даде одобрение за градбана ЈП „Комуналец“ за поставување вакви подземни контејнери во центарлното градско подрачје, односно на просторот кај Безистенот, кај Јавор, кај Стаклената зграда, Тетарот.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани