Webp.net gifmaker

Заврши 40. издание на Малиот битолски Монмарт

Мај 27, 2021

 

Со ликовна работилница во ЕКО паркот во Градскиот парк во Битола, на која учествуваа ученици од битолските училишта со нивните ликовни педагози, заврши годинешното јубилејно 40 издание на Малиот битолски Монмартр.
 
Годинава, за жал, поради пандемијата, не допатуаа деца од целиот свет да учествуваат на манифестацијата.
 
Градоначалничката Наташа Петровска ги посети учесниците на завршниот настан, а  заедно со организаторот на фестивалот, Елена Хаџиантоновска, доделија благодарници до менторите на учениците од битолските градинки и училишта, како и мали подароци за учесниците. 
 
„Оваа година се одбележуваат 40 години на Малиот битолски Монмартр, кој е голем по многу нешта и значаен за нас битолчани, но за жал годинава без чичко Коста. Ова што се случуваше во изминатите денови, од отворањето, изложбите, цртањето, само покажува дека боите, страстите, желбите и енергијата кај луѓето никогаш не можат да умрат. Нашиот град годинава, покрај тоа што даде целосна поддршка на 40-тото издание, останува отворен во следните години за сите понатамошни идеи кои што ги имаат граѓаните за зачувување на овој наш бренд и оваа манифестација, која што заедно сметаме дека е соодветна, бидејќи Битола е препознатлива по Малиот битолски монмартр“, истакна градоначалничката Петровска. 
 
„Од оваа година, е востановена нова награда во чест на мојот татко Коста Хаџиантоновски, како почесна награда, која годинава отпатува во Португалија. Им се заблагодарувам на сите кои помогнаа да се реализира ова издание, посебно за 100% поддршка од страна на Општина Битола“, рече Хаџиантоновска. 
 
Дел од младите ликовни творци и подарија свои дела, создадени во Еко паркот, на градоначалничката Наташа Петровска. 
 
 
received 813897509537376
 
received 1434535283547683
 
received 502160237573634
 

received 1242103842888797

received 3310276565865411

 received 309700100687675
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани