2win800x200

Марш низ Широк Сокак против предрасудите за мултипна склероза

Мај 30, 2021

Битолчанки кои боледуваат од мултипна склероза, како и нивни поддржувачи, денес го кренаа гласот против предрасудите што постојат за болеста. На Светскиот ден за борба против неа тие одржаа марш низ Широк Сокак наречен „Галсно за МС“ со цел да ја подигнат свесноста кај другите луѓе за мултиплекс склерозата. .

 

„Целта ни е да се подигни свеста посебно тука во Битола зашто голема е скептичноста околу оваа тема. Треба да се зборува гласно за мулстиплекс склерозата, за да не се срамат луѓето дека страдаат од таа болест зашто не е ништо страмно. Посебно кај девојките, има стари сфаќања од страна на родители дека никогаш нема да се омажат ако кажат дека страдаат од мултипна склероза. Можеби порано се верувало дека со муслтплекс склероза не можи да се роди, но сега медицината е далеку понапредна. И да, со мултиплекс склероза може да се роди, болеста не делува на плодот. И со дисциплина и доволно терапија може да се живее здрав и квалитетен живот“, рече младата битолчанка Сања Поповска, лице со МС, која е автор на романот „Девојката со портокалова марама“, посветен на предизвиците на една млада девојка која се соочува со болеста.

Засега немаат точна бројка колку лица во Битола болуваат, но Поповска вели дека откако ја објавила книгата со неа стапиле во контакт многу девојки.

„Мене ми е дијагностицирана пред 2 години, се појавува и на млада возраст, последно што бев во контакст со девојче од 15 години кое има мултиплекс“, рече Поповска.

Настаните се под мотото „Гласно за МС“ во организација на храбрите битолчанки Анета Бошевска и Сања Поповска, како и Културниот центар „Везилка“, а потпомогнати и од други поддржувачи и Општина Битола траеја четири дена со интерактивни работилници со психолози, презентации на нутриционисти, изложби и друго. Маршот беше најава и за формирање на здружение на лица со мултиплекс склероза во Битола.

„ Со настаните укажавме дека овие лица не се сами, дека имаат поддршка, дека меѓусебно можат да си формираат нивна заедница која и понатаму ќе функционира и ќе си зацртаат цели заеднички да ги остварат. Треба сите гласно да зборуваат за болеста зашто болеста не ги претставува нив туку тие ја претставуваат неа. Ќе го шириме кругот за поддршка, во него имаме уметници, писатели и други битолчани со кои се обидуваме да ги зацврстиме вистинските вредноси во животот“, рече Снежана Пресилска Танчевска од Културен центар „Везилка“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани