2win800x200

Го светнаа местото Чешмите кај Ѓавато -собраа 5 тони отпад и 4 камиони гранки и друга дрвна маса

Мај 30, 2021

На иницијатива на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ Битола со поддршка од ЈУ Национален парк Пелистер, ЈКП Комуналец, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија Пат-  Битола, „7-ми Мај“ Битола, како и други фирми и граѓани се изведе еко акцијата на местото Чешмите-Ѓавато.

На акцијата учествуваа околу 40 учесници кои успеаја да соберат околу 5 тони отпад и 4 камиони гранки и друга дрвна маса од местото кое претставува една позната точка за одмор на сите битолчани како и голем број на граѓани кои поминувајки по патот Битола -Ресен, а тука застануваат на  почивка.

„Голема благодарност до сите кои се одзваа на повикот и допринесоја акцијата да биде успешна а со тоа ја покажаја својата општествена одговорност, се надеваме дека ова нема да биде последна акција со надеж на поголема иницијатива, поддршка и сплотеност до помасовни акции“, изјавија од ДПД „Архангел“- Битолаејо 11

ејо 6

еко 2

еко 4

еко 5

еко 7

еко

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани