2win800x200

Илиевски - Улицата „Широка“ изградена со сите нишани

Мај 31, 2021

 

Интегрален текст од изјава на координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски

Почитувани,

Улицата Широка во Битола е вистински пример за принципите на работа на СДСМ.

Темелно, не површно.

Целосно, не парцијално.

Домаќински и одговорно.

Улицата „Широка“ во Битола конечно може да се рече дека е претворена во улица со сите нишани.

После повеќе од 30 години, вториот дел од улица „Широка“ е асфалтиран за што од Буџетот на Општина Битола беа издвоени над 700.000 денари.

Локалната самоуправа, предводена од СДСМ и Градоначалничката Петровска, претходно изврши комплетна изградба и на другиот дел од улицата „Широка“ во должина од 500 метри, при што таа улица беше асфалтирана за првпат. Во овој дел беше поставено и уличното осветлување, а изградени беа и тротоари. Вкупната вредност на проектот за изградба на новиот дел од улица „Широка“ изнесуваше 3.300.000 денари.

Почитувани граѓани,

Можеби се сеќавате, а можеби и не, дека улицата „Широка“ иако во минатото беше долго и помпезно најавувана, беше оставена како и се друго во градов до пред три и пол години – во хаос. Како овде, на Баирот, така и во сите делови од градот, урбани и рурални, СДСМ работи според план и програма за изградба или рехабилитација на патната инфраструктура. Притоа, речиси да нема улица каде зафатите не биле темелни и целосни, односно не е изградена нова водоводна и канализациона мрежа и секако потоа нов асфалт.

Ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани