Сертифицирани проверувачи од компанијата TUV Nord Essen, Germany извршија редовна годишна надворешна контрола на примената на стандардот за квалитет во менаџментот во АД ЕСМ, ISO 9001:2015. Заклучок на тимот проверувачи е дека во АД ЕСМ успешно се применува стандардот и нема барања за корективни мерки, така што сертификатот за овој стандард за нашата компанија продолжува да важи и во наредниот период.
Во текот на процедурата беше извршена контрола на работењето на Тимот задолжен за примена на стандарди на ниво на АД ЕСМ, како и на подружниците ХЕС Црн Дрим-Струга и ХЕС Треска-Скопје. Беа прегледани повеќе од 150 различни документи и записи кои ја отсликуваат имплементираноста на стандардот во нашата компанија.