2win800x200

Целосна реконструкција на месната заедница во Логоварди

Јуни 02, 2021

 

 

Се реконструира месната заедница во селото Логоварди, каде  долги години имаше неупотреблив, руиниран објект . Во тек е целосна реконструкција на објектот, каде се работи на ѕидовите, таваните, прозорите, санитарните чворови и подовите, во вредност од околу 600.000 денари, со што ќе се добие функционален и енергетски ефикасен објект.

Дел од жителите на селото денес се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска, која го посети објектот и изврши увид во градежните работи. По реконструкцијата, објектот со топол и уреден амбиент ќе биде место за дружење, одржување на низа активности и средби на жителите од сите возрасти во селото. Жителите искажаа голема благодарност до градоначалничката, бидејќи ветеното до нив, во повеќе наврати е реализирано. Разговараа и за можноста за санација на дел од улиците, при што Петровска истакна дека во Општина Битола веќе се работи на проект за уредување на улиците во селото, во вредност од над 6 милиони денари.

Градоначалничката Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација и локалното население, го посетија и основното училиште во село Логоварди.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе кои стојат, дрво и надвор

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани